Прилепскиот театар одбележува 66 години од формирањето

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска одбележува 66 години од формирањето.
Во рамки на одбележувањето на годишнината вечер ќе биде изведена претставата „Кирил и Методиј, who are you“ од Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски. Посетителите ќе можат претставата да ја гледаат бесплатно, со тоа што влезници ќе можат да подигнат од билетарницата на театарот.
Претставата светска премиера имаше во Букурешт, беше прикажана на Ескпонто, а праиzведба имаше на Охридско лето. Посетителите ќе ги израдуваме бидејќи
- Претставата утревечер им ја посветуваме и на актерите од нашиот театар Блаже Алексоски и Благоја Сприкоски Џумерко, кои починаа меѓу две годишнини. Првиот беше еден од основоположниците на театарот и даде голем придонес за неговиот развој не само како актер, туку и како режисер, додека вториот со години беше еден од водечките актери во ансамблот, вели директорот на театарот, Тони Чатлески.
Завесата на Театарот „Војдан Чернодрински“ првпат се крена на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Низ годините колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денеска е ансамбл со актери кои суверено владеат на сцената. Досега се поставени над 350 премиери, одиграни се околу 8.000 претстави, кои ги гледале речиси два милиони посетители.
Моментално во театарот се поставуваат две претстави „Хамлет од Долна Мрдуша, општина Блатуша“, во режија на Кирил Петрески и „Обѕрни се во гневот“ во режија на Кристина Димитрова.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
