Фудбал
22. August 2017 - 8:30

Примера: Барди одигра 70 минути во триумфот на Леванте

Екипата на Леванте триумфираше синоќа во натпревар од 1.коло од Примера. Единствениот гол во 88.минута од пенал го постигна Хозе Луис Моралес, над кого и беше направен пеналот. Во дресот на повратникот во Примера Леванте свое деби имаше и македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој играше 70.минута и беше заменет потоа.
На вториот дуел од стартното коло одигран синоќа Еибар како гостин ја победи Малага со 1:0. Стрелец на голот беше Чарлс во 57.минута.
 
Резултати на другите дуели:
Депортиво - Реал Мадрид 0:3,
Барселона - Бетис 2:0,
Атлетик Билбао - Гетафе 0:0,
Севиља - Еспањол 1:1,
Жирона - Атлетико Мадрид 2:2,
Селта - Реал Сосиеад 2:3,
Валенсија - Лас Палмас 1:0 и
Леганес - Алавес 1:0.