-->
-->
Примера: Барса славеше на „Висенте Калдерон“
-->

Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетико во Мадрид со 2:1 во дерби мечот од третото коло во Примера. Победата на Барселона и ја донесе Лео Меси кој во игра влезе во 60.минута.
Тренерот Луис Енрике реши мечот на „Винсенте Калдерон“ да го започне без својот најдобар играч, со оглед на тоа дека тој изминатата недела воопшто не трениераше со екипата. Меси имаше обврски во репрезентацијата на Аргентина, а пред два дена по втор пат стана татко.
Борбено, со многу енергија се играше во првото полувреме, кое сепак не донесе промена на почетниот резултат. Вообичаено кога станува збор за меѓусебните дуели на овие два тима Барселона го имаше поседот на топката, а Атлетико се обидуваше преку контранапади да стигне до голот на Тер Штеген.
Ракитиќ ја имаше првата шанса на мечот, Хрватот беше сам пред Јан Облак но не успеа да го совлада Словенецот на голот на Атлетико. Веднаш потоа Луис Суарез од пет метри ја погоди гредата од голот на Атлетико.
Атлетико сепак први стигна до гол, Тијаго го проигра Фернандо Торес, а овој меѓу Матје и Маскерано рутински го совлада Тер Штеген.
Три минути подоцна израмни Нејмар со брилијантен гол од слободен удар.
По еден час игра Меси влезе на теренот и веднаш играта на Барселона доби друга димензија. Барса ги интензивираше нападите, а по една акција на Алба и Суарез, Меси рутински го совлада Облак и го постави конечниот резултат.
На другите натпревари кои се одиграа во саботата Реал го декласираше Еспањол со 6:0, пет гола постигна Кристијано Роналдо, додека Валенсија во Хихон славеше над Спортинг со голот на Пако Алказер постигнат во 92 минута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
-

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
