Фудбал
2. January 2016 - 9:27

Примера: Барселона гостува кај градскиот ривал Еспањол

Екипите од Примера од денеска до понеделник ќе ги одиграат натпреварите од 18.коло, а прв дуел од ова коло ќе биде натпреварот меѓу Еспањол и Барселона. Почетокот на дуелот е во 16 часот.

Дербито на колото Реал Мадрид - Валенсија се игра утре.
Вечерва се играат уште два натпревара: Атлетико Мадрид - Леванте (почеток 20:30 часот) и Малага - Селта (22:05 часот).
Утре се играат шест натпревари: Рајо Ваљекано - Реал Сосиедад (12 часот), Бетис - Еибар, Гранада - Севиља (16 часот), Депортиво - Виљареал, Атлетик Билбао - Лас Палмас (18:15 часот), Валенсија - Реал Мадрид (20:30 часот).
Последниот дуел се игра во понеделник меѓу Хихон и Хетафе (20:30 часот).