Фудбал
28. August 2016 - 8:02

Примера: Крос и Мората за победа на Реал, ново реми за Атлетико

Фудбалерите на Реал Мадрид тешко стигнаа до победата во 2.коло на Примера откако на домашен терен ја совладаа екипата на Селта со 2:1 со головите на Алваро Мората и Тони Крос. Конкурентот за титулата и градски ривал Атлетико е без победа откако и во вториот дуел одигра нерешено овојпат на гостувањето кај Леганес.

Резултати од 2.коло:
Леганес - Атлетико Мадрид 0:0,
Реал Мадрид - Селта 2:1,
Еибар - Валенсија 1:0,
Осасуна - Реал Сосиедад 0:2,
Еспањол - Малага 2:2, 
Бетис - Депортиво 0:0.
Денеска се играат четири натпревари:
Алавес - Хихон
Лас Палмас - Гранада
Атлетик Билбао - Барселона
Виљареал - Севиља
 
Реал Мадрид досега е единствениот тим со две победи и шест бодови.