-->
-->
Примера: „Шестка“ од Барселона за Хихон
-->

Фудбалерите на Барселона постигнаа убедлива победа на вечерашниот дуел од 25.коло од Примера. „Каталонците“ го победија Хихон со 6:1, а стрелци на головите беа: Лионел Меси (8.минута), Хуан Родригез (11.минута – автогол), Луис Суарез (27.минута), Пако Алкасер (50.минута), Нејмар (65.минута) и Иван Ракитиќ (88.минута), додека голот за Хихон го постигна Карлос Кастро (21.минута).
На вториот дуел одигран вечерва Осасуна – Виљареал 1:4.
Во тек се натпреварите: Селта – Еспањол, Гранада – Алавес и Реал Мадрид – Лас Палмас.
На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Малага – Бетис 1:2, Валенсија – Леганес 1:0 и Реал Сосиедад – Еибар 2:2.
Утре се играат последните два дуела од 25.коло: Депортиво – Атлетико Мадрид и Севиља – Атлетик Билбао.
Табела: Барселона 57 бодови, Реал Мадрид 55, Севиља 52, Атлетико Мадрид 45, Реал Сосиедад 45,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вандализам е причината за немање на настава во најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“
-

Астероид именуван по папата Лав XIII
-

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“
-

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите во светот на ниво најниско во последните 25 години
-

Најстудено на Попова Шапка - два степени, најтопло во Струмица - 12 степени
-

Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022
-

Маж со чекан повредил пет лица во Токио, тројца од нив полицајци
-

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија
