-->
-->
Примера: Значајна победа за Лас Палмас
-->

Во интересен дуел Лас Палмас ја совлада Валенсија со 3:1 во последниот натпревар од 20.коло во шпанската Примера.
Фудбалерите на лас Палмас со пресврт стигнаа до победата во дуелот со Валенсија, откако гостите водеа со голот на Санти Мина во 21.минута. До крајот на полувремето Хонатан Вијера успеа да израмни, а во вториот дел по исклучувањето на Мунир Ел Хадади, Лас Палмас го комплетираше пресвртот.
Најпрвин Маурисио Лемос во 58.минута, седум минути по исклучувањето на Мунир, го постигна голот за 2:1, а три минути подоцна Кевин-Принс Боатенг го постави конечниот резултат.
Лас Палмас со новите три бода се искачи на 11-та позиција со 28 бодови, додека Валенсија ја прекина серијата од две победи и остана на 15-то место со 19 бодови.
Во наредното коло Лас Палмес ќе гостува кај гранада, додека Валенсија ќе го пречека Еибар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
