Македонија
3. March 2023 - 10:46

Примопредавање на функцијата заменик министер за правда

Во Министерството за правда денеска се изврши примопредавање на функцијата заменик министер за правда меѓу досегашниот Агим Нухиу и новоименуваната Викторија Аврамовска Мадиќ.

Како што информираат од Министерството за правда, Нухиу и честиташе на Мадиќ за назначувањето на оваа одговорна функција посакувајќи и успешна работа. 

-Викторија Аврамовска Мадиќ му се заблагодари на Агим Нухиу за неговиот досегашен придонес и му посака успех во идните предизвици. Фокусот на Министерството за правда и натаму ќе биде насочен кон реформите во правосудството, скринингот,подобрување на условите во затворите, реализација на целите, приоритетите и закондавната агенда, се наведува во соопштението од Министерството за правда.