-->
-->
Принцот Али ќе се кандидира за прв човек на ФИФА
-->

Јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин објави дека ќе поднесе кандидатура за претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА). Тој ветил дека ќе го разреши коруптивниот скандал во ФИФА и дека ќе ја направи организацијата потранспарентна.
Прицот Али на претходните избори, во мај кога му беше противкандидат на Сеп Блатер, негираше дека Блатер добил мнозиинство на гласови во првиот круг, но сепак пред вторито круг се повлече од претседателската трка.
Четири дена по тие избори, кога корупцискиот скандал ескалираше и кога истраги започнаа да спроведуваат швајцарските и американските власти, Блатер поднесе оставка на функцијата.
Јорданскиот принц исто така го критикува и Мишел Платини за кого се смета дека е фаворит за претседателската функција во ФИФА, наведувајќи дека тој е човек на Блатер и дека на светската фудбалска организација и е потребен нов почеток.
Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат на 26.февруари наредната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
