Принцот на Тајланд го одложи крунисувањето за најмалку една година
Тајландскиот принц Маха Ваиралонгкорн, кој е наследник на престолот, го одложи неговото крунисување во нов крал на Тајланд за „најмалку една година“, соопшти претставник на Владата во Бангкок.
Неговиот татко, кралот Бумибол Ардулкареј почина во четврток, по долг период на нарушено здравје, на 88-годишна возраст, па принцот сака да има пвеќе време за тагување.
Поранешниот тајландски премиер Прем Тинсуланонда ќе биде поставен за регент до денот на крунисувањето на престолонаследникот.
Актуелниот премиер, предводник на воената хунта, генерал Прајут Чан-Ока во обраќањето до Тајланѓаните преку националната телевизија, ги уверуваше граѓаните да не стравуваат за иднината на земјата и околу пренесувањето на круната од таткото на синот.
Принцот Ваиралонгкорн (64) побарал од народот во Тајланд да не се грижат околу државната администрација, како и за крунисувањето.
- Во ова време сите се тажни. Јас сум тажен, па тогаш да почекаме додека не помине тагата, рекол принцот-престолонаследник.
Генерал Прајут ја презеде власта со воен удар во 2014 година, соборувајќи една легално избрана влада.
Кралот Бумибол на престолот беше 70 години, најдолго од сите актуелни монарси во светот.
Ново на Сител
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници
-
Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата
-
Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година
-
АХВ: На македонскиот пазар не е пласиран сендвич со шунка контаминиран со листерија
-
Упасени двајцата малолетни хулигани поради претепување и убиство на братот на вицепремиерот на БиХ
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието