-->
-->
Приноси од доцни есенски култури во Крива Паланка и Ранковце
-->

Приносите од бербата на доцни есенски култури на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце изнесуваат околу 13.607 тони, покажуваат проценките од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво од Крива Паланка.
Со доцни земјоделски култури била опфатена вкупна површина од 1770 хектари, од која најголем процент ја обработувале индивидуалните земјоделци, кои вкупно оствариле приходи од 13.372 тони, додека 235 тони се приноси од земјоделските претпријатија.
Најмногу приноси се оставрени од компир и изнесуваат повеќе од 7875 тони, а просечниот остварен принос по хектар е 10.500 килограми. Приносите од пченка изнесуваат 2205 тони, зелка и кељ 1170 тони, пипер 840, приносите од домат се 300 тони, грав 210 тони, краставица 180 и кромид 120. Најмали се приносите од грашок од кој произведени биле само 12 тони. Остварени се и вкупни приноси 340 тони луцерка и 140 тони детелина.
На подрачјето на Крива Паланка и Ранковце годинава воопшто не биле засеани или засадени добиточен грашок, граор, иднустриски пипер, суров тутун, сончоглед, оризова арпа, овес, сончоглед и лубеница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбраната на обвинетите службеници за „Пулс“ тврди дека Обвинителството е контрадикторно и бара преиспитување на обвинението
-

Мицкоски: Украденото мора да му се врати на народот
-

Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
