Балкан
15. May 2017 - 9:06

Принудно авион слета на Аеродромот - на патник му немало спас

Авион на турската компанија "Сан Експрес", кој летал на линија Цирих-Австралија, вчера принудно слетал на Аеродромот „Никола Тесла" во Белград. Ова следело откако на еден од патниците нагло му се слошило, но за жал и покрај напорите на лекарите од Итната помош кои се обиделе да го реанимираат патникот, тој починал.
 
Со него во авионот патувала и неговата сопруга која по несреќниот случај останала во Белград.
 
Драмата се одвивала доцна синоќа, а повеќе детали за идентитетот и ситуацијата ќе бидат познати подоцна.