Приоритетите на Кавадарци се утврдуваат на средби со граѓаните
Приоритетите на Кавадарци се утврдуваат на средби со граѓаните. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов заедно со претставници на службите во кавадаречката локална самоуправа и директорот на Јавното претпријатие "Комуналец" Илија Атанасов синоќа ги започнаа традиционалните средби со граѓаните низ урбаните и месните заедници во општината.
- Сакаме да ги слушнеме нивните видувања околу реализацијата на комуналната изградба таму каде што живеат, но и нивните предлози за насочување на општинските финансии во наредната година. Крајната цел е подобрување на условите за живот, во рамките на можностите на општината. Истовремено, кавадарчани имаат можност за увид во тоа како се трошат нивните пари, изјави градоначалникот Панов.
Тој потсети дека ова е стил на работа уште од почетокот на неговото доаѓање за градоначалник.
На новинарско прашање, Панов го изрази задоволството што покрај досегашното инвестирање во кавадаречкото здравство, Кавадарци за прв пат ќе добие и апарат за компјутеризирана томографија. Тоа, нагласи, ќе значи многу повисоко ниво на здравствената заштита.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва