Македонија
27. јуни 2017 - 22:03

Припадници на АРМ на меѓународна вежба во Црна Гора

Припадници на Армијата на Република Македонија од составот на Полкот за специјални операции учествуваат на меѓународна теренска вежба „Заеднички предизвик 2017“ што од денеска до 6 јули се одржува во планинскиот полигон за обука „Липово“ во Црна Гора.

Покрај припадниците на АРМ, во вежбата учествуваат и единици од земјата домаќин, односно Црна Гора, и единици од Австрија.

За време на вежбата се очекува да се прикаже високо ниво на интероперабилност меѓу единиците на вооружените сили на трите држави при изведување на НАТО-водени операции за одговор на кризни ситуации/операции за поддршка на мирот, под мандат на ООН, што би се случувале во непристапна планинска средина.