Припадници на АРМ учествуваат во меѓународната вежба „Анаконда 2016“
Припадници од неколку единици на Армијата на Република Македонија заедно со армиите од 23 земји од НАТО и Партнерството за мир (ПЗМ) од денес ги започнуваат активностите на меѓународната вежба „Анаконда-16“.
Вежбата ќе трае до 17 јуни и ќе се изведува на неколку локации во Република Полска.
Почетокот на вежбата беше означен со свечена церемонија во националниот одбранбен универзитет во Варшава и на местата каде се стационирани единиците.
Меѓународната вежба „Анаконда-16“ е меѓу најголемите вежби организирани во Европа во последните неколку децении, со учество на 31.000 војници од сите видови и родови на Армиите на земјите од НАТО и ПЗМ.
Армијата на Република Македонија учествуваат со 157 припадници во состав од пешадиска чета, вод на воена полиција, припадници од полкот за специјални операции и штабен персонал.
- Интероперабилноста, соработката меѓу земјите членки на НАТО и ПЗМ, како и градење на меѓусебна доверба за заедничко учество во меѓународни здружени операции е една од главните цели на изведување на оваа вежба во организација на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа и Вооружените Сили на Република Полска. Со учеството на оваа голема здружена вежба АРМ како и досега покажува дека е оспособена за спроведување на НАТО стандардите и оперативните процедури и рамноправно да учествува во секаков вид на сложени вежби и операции за поддршка на мирот и безбедноста заедно со партнерските земји членки на НАТО, се вели во соопштението од АРМ.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори