Припадници на ИД уaпсени во Истанбул

Тројца осомничени борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД) се уапсени во Истанбул, по дојава дека планирале напад врз учесниците во парадата на ЛГБТ заедницата, јавија турските медиуми.
Осомничените терористи, еден турски државјанин и двајца жители на Дагестан, се уапсени доцна синоќа.
Апсењето било извршено откако минатата недела полицијата во Истанбул конфискуваше елеци за извршување на самоубиствен напад.
Извор од оделот за борба против тероризмот во турската полиција посочи дека тројцата престојувале во воени зони под контрола на ИД.
Полициските претставници изјавија дека ИД планирала да изврши напад на геј парадата која беше предвидена да се одржи на 19 јуни.
Парадата на ЛГБТ заедницата, како и Парадата на гордоста, која беше планирана за 26 јуни, се откажани откако турската Влада го забрани нивното оджрување поради безбедносни причини.
Ново на Сител
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
-

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто
-

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните компании?
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
