Припадници на МВР учествуваа во акција во Виена за запленување 2000 стебла марихуана
Припадници на МВР заедно со австриските полициски службеници учествуваа во разбивање на меѓународна криминална група во Виена, каде се запленети над 2000 стебла марихуана во околината на Виена и приведени три лица, соопштија од МВР.
– Во заеднички координирана акција на територијата на Република Австрија од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога и од Сојузната криминалистичка полиција на Р. Австрија – Оддел за борба против организиран криминал, во текот на месец мај во околината на Виена, откриени се три големи нелегални лаборатории за производство на дрога. Станува збор за лаборатории опремени со софистицирана опрема, а лоцирани во подрумски простории на три станбени објекти, при што се запленети над 2000 стебла марихуана. Во акцијата лишени од слобода се три лица кои директно учествувале во одгледувањето и понатамошната продажба на наркотичната дрога, а се дел од поголема меѓународна организирана криминална група, која дејствува во повеќе држави во Европа, истакна Сузана Прањиќ Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.
Запленетата дрога претставува посебна хибридна сорта канабис, со висок процент на ТХЦ (психоактивна супстанца), со улично име „aмнезија“, која на нелегалниот нарко пазар во западноевропските држави достигнува цена и до 10.000 евра за еден килограм, наведуваат од МВР.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилен интензитет во борбата против домашните, но и меѓународните организирани криминални групи кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога, во заедничка соработка со Одделите за организиран криминал во соседните држави, партнерските држави од ЕУ, како и во координација со ИПА и СЕЛЕК.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест