Припадник на исламски терористички групи уапсен во Германија

Германското Федерално јавно обвиннителство денеска соопшти дека во текот на ноќта во градот Вашау во близина на Лајпциг специјалните германски полициски сили уапсиле осомничен „припадник на исламски терористички групи“, јави дописникот на МИА од Берлинб.
Според Обвинителството, се работи за сирискиот државјанин Ахмад А., чиј стан во текот на истрагата бил претресуван и припадници на полициите на Саксонија, каде што се наоѓа Вашау, и на Баварија, чии служби за безбедност имале информации за активностите на Сириецот.
- Постојат цврсти сомнежи дека осомничениот е член на странските терористички групи Џабхат ал Нусра и Исламска држава, се вели во соопштението на Федералното јавно обвинителство.
Според Обвинентелството, Ахмад. А. до 2013 година се борел во редовите на Џабхат Ал Нусра во Сирија, кога дошло до судир меѓу оваа група и ИД, по што тој преминал во редовите на Исламската држава.
Неговото борбено име е „Емир“, а извесен период бил командант во регионот на градот Рака, кој важи за главно упориште на ИД.
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
