Свет
23. April 2017 - 14:57

Припадник на ОБСЕ загинал од мина во источниот дел на Украина

Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соопшти денеска дека еден нејзин припадник загинал откако патролното возило, во кое се наоѓал, преминало преку мина во источниот дел на Украина, што е под контрола на проруските сили. 

Министерот за надворешни работи на Австрија и претседавач на ОБСЕ Себастијан Курц, наведе на неговиот Твитер налог дека ова е „трагична вест“ за Украина. 

ОБСЕ наведе дека е повредено уште едно лице.