Приштина во карантин, од вчерашните 33 случаи со Ковид-19 во Косово, 20 од главниот град
Министерството за здравство на Косово одлучи синоќа да прогласи карантин на територијата на главниот град на Косово, откако вчера беше забележано видно зголемување на бројот на заразени од новиот коронавирус.
Од вкупно 33-те нови заболени од Ковид-19, кои резултираа позитивни на заразата по вчерашните испитувања во Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), 20 се од Приштина, по што минисерот за здравство Арбен Витиа, во консултација со приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети, донесе одлука за прогласување на градот за зона на карантин.
Со оваа одлука се забранува влегувањето и излегувањето од територијата на општина Приштина, во која официјално има 47 заразени од новиот вирус.
Приштинскиот градоначалник Ахмети, во обраќање до граѓаните преку Фејсбук, синоќа информира дека жителите на Приштина кои се наоѓаат надвор од градот ќе можат да се вратат во него до денеска во 17 часот, а најави и дополнителни рестриктивни мерки со цел спречување на ширењето на заразата.
– Влегувањето/излегувањето ќе биде контролирано, а ќе имаме и дополнителни полициски мерки. (…) Полицијата нема да дозволува собирање на повеќе од две лица и исто така ќе има поголеми контроли. Три локации, еден стамбен комплекс и две куќи, ќе бидат под 24-часовен полициски надзор. Во наредните денови ќе се заострат мерките. Со денови повикуваме да не се опуштате. Сега влегуваме во критична фаза, порача Ахмети.
Порано во текот на вчерашниот ден косовските здравствени власти донесоа одлука за ставање во карантин и на општина Урошевац, каде што ден претходно беа откриени нови 18 заразени.
Со вчерашните нови 33 случаи, вкупната бројка на заразени во Косово достигна до 283. Вчера се евидентирани и шест излекувани пациенти, со што бројката на лица кои досега ја пребродиле болеста изнесува 58. Од појавувањето на првите заразени од новиот вирус, на 13 март, во цело Косово се е видентирани и седум смртни случаи како последица на епидемијата.
Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК, во текот на вчерашниот ден се испитани примероците на 130 лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, со што вкупно, од 8 февруари до вчера, се извршени 3.006 тестирања.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп