Пристигна косовската делегација за првата заедничка седница на двете влади

Високата косовска делегација предводена од премиерот Албин Курти, пристигна во Скопје.
Пред Владата беше организирана церемонија за официјален пречек по што следува тет-а-тет средбата на премиерите Зоран Заев и Курти.

Според агендата, предвидени се и билатерални средби на министрите од владите на двете земји.
Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите и на неа, според најавите, ќе бидат потпишани повеќе меморандуми и договори за соработка од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој.
Во завршницата на овој настан, премиерите Заев и Курти во 13:30 часот ќе одржат прес-конференција.
Ова е прва заедничка седница на владите на Република Македонија и Република Косово во полн состав.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
