Пристигнува нова група припадници на Мировниот корпус

Нови педесет припадници на американскиот Мировен корпус денеска треба да допатуваат во Македонија. Следните две години тие ќе ги поминат волонтирајќи во училишта и во организации низ земјава.
За време на нивниот престој во Македонија, како што соопшти Мировниот корпус, американските волонтери ќе работат како наставници по англиски јазик, дефектолози, како и во областа на развојот на заедниците, во партнерство со основни и средни училишта, владини институции и општини и невладини организации.
Ова е 22 група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села во Македонија. Тие ќе ги поминат првите три месеци во обука, којашто ќе вклучува изучување на македонскиот и/или албанскиот јазик и култура. Својата служба во Македонија ќе ја започнат на почетокот на декември.
Волонтерите ќе бидат пречекани на Скопскиот аеродром од директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин.
Од 1996 година наваму во Македонија служеле повеќе од 700 американски државјани.
Мировниот Корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерсто со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
