Притвор за албански државјанин за тешка кражба во Прилеп
-Осомничениот ноќта на 20 ноември 2018 година, со употреба на сила искршил заштитна решетка од колонијална продавница лоцирана на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп. Со намера противправно да одземе туѓи подвижни предмети, го искршил стаклото од влезно-излезната врата со соодветен алат и влегол во продавницата, при што бил затекнат од страна на службени лица на Полициската станица Прилеп, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител оценил дека идентитет на осомничениот во моментов не може да се утврди, бидејќи лицето не поседувало никаков идентификациски документ и го немал регулирано престојот со негово пријавување пред надлежен орган, нема постојано место на престојување во Република Македонија. По влегување на територијата на Република Македонија пред околу три месеци, осомничениот престојувал во различни градови и објекти.
– Од тие причини согласно член 470 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка, а поради постоење особени околности што укажуваат на опасност од бегство, од страна на ОЈО Прилеп до Основниот суд Прилеп е поднесен предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на надлежниот обвинител, па со решение на обвинетиот му определи мерка притвор во траење до осум дена, се наведува во соопштението од Обвинителството
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален