Притвор за Арнаудов и Мукоски

Судија на претходна постапка им изрече мерка притвор на пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски, по извршениот распит во кривичниот суд во Скопје. По одлуката на судот, тие со лисици на рацете беа спроведени во Истражниот затвор Скопје.
Се очекуваат одлуки и за останатите четврорица пратеници кои утринава дојдоа на распит во судот за настаните во Собранието на 27 април. На распит во судот беа повикани Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.
Пратеникот Кристо Мукоски пред влегување во судот кратко пред медиумите рече дека верува во судот и посочи дека нема правна основа да му биде определена мерка притвор. Пратеникот Сашо Василевски, пак на прашањето на новинарите што очекува денеска само кусо се заблагодари на поддршката од медиумите.
Тие се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
