Притвор за две лица кои лажно се претставувале како полицајци
Две млади лица од Велес и Неготино лажно се претставувале како полицајци со намера да ограбат мигранти, поради што добија по осум дена притвор, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
- На ден 07.06.2016 година во околу 23:0 часот на локалниот пат село Дуброво-Неготино три непознати лица кои се претставиле како полициски службеници, сопреле патнички автомобил марка „мерцедес“ во кој се превезувале пет лица мигранти од Ирак и побарале од мигрантите пари, изјави Стојковска.
Кога мигрантите се посомневале дека лицата лажно се претставуваат како полицајци, пружиле отпор и успеале со возилото на непознатите лица да се одалечат од местото. Кратко потоа мигрантите биле сопрени од полициски службеници од Полициска станица-Неготино.
- По превземени оперативно тактички мерки во 05:00 часот лишени биле од слобода две лица на возраст од 22 и 19 години од Велес и Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ и „лажно претставување“, рече Стојковска.
Осомничените со кривична пријава биле изведени пред обвинител и од страна на надлежен судија изречена им е мерка притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО