Притвор за над 60 демонстранти од саботните протести во Москва
Руските судски власти наложија притвор за 61 демонстрант и изрекоа парични казни за повеќе од 160 лица по големите демонстрации на опозицијата во Москва изминатиот викенд, соопштија денеска руските државни медиуми.
Речиси една третина од околу 3.500 лица кои присуствуваа на митингот за кој немаше дозвола, а се одржа пред канцеларијата на градоначалникот во саботата, се приведени, покажуваат официјалните статистички податоци.
Претставник на независната група за набудување ОВД-Инфо во изјава за германската агенција ДПА посочи дека станува збор за најголем број задржани лица при протест во изминатата деценија.
Организаторите на саботните протести, кога беа приведени 1.373 лица најавија дека на 3 август повторно со своите приврзаници ќе излезат на улиците со цел да извршат притисок врз властите да дозволат исклучените независни кандидати да учествуваат на изборите за Собранието на град Москва, закажани за 8 септември. Од учество на изборите досега за елиминирани 39 независнисни кандидати пораки прекршување на процедурата. Централната изборна комисија на Русија соопшти дека ќе преконтролира од која причина се симнати од листата независните кандидати, предложени од непарламентарната опозиција. Тоа значи дека ќе се проверува автентичноста на потписите на граѓаните, кои во постапката на предлагање поддржале одредени личности. Обвинителството спроведува истрага за да утврди дали на тие списоци на поддршка се измислени личности или се навистина граѓани на Москва.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година