-->
-->
Притвор за паланчанец - крадел во црква
-->
На 21.12.2020 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека на 20.12.2020 извршил тешка кражба, односно со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата Св.„Кузман и Дамјан” во атарот на с.Говрлево, општина Сопиште, и одзел пари.
Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Истиот ден (21.12.2020), врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје му одредил мерка притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
