Притворени четири лица, брат за 3000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги - Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 07.09.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш.(25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б.(51) двајцата од Р. Србија и Б.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“ казниво по член 418-г став 1 и 2 од Кривичен законик.
Имено, првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3000 евра преземал дејствија за склучување на присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак. Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва