Македонија
4. July 2024 - 12:41

Приватните превозници ги паркираа автобусите

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје претпладнево ги паркираа автобусите.

Тие бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила и велат дека, од јануари, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени средства за услугата што ја даваат поради што веќе немаат пари за гориво и за одржување на возилата.