Македонија
15. April 2024 - 16:37

Приватните специјализанти од утрото не одат на работа - Почнаа со генерален штрајк

Стетоскопите на биро, приватните специјализанти стапија во генерален штрајк. Утрово околу 400 млади доктори не се појавија на работните места и бараат испонување на нивните барања.

-Ова што го гледате отпозади се невработени колеги кои сакаат да останат и да работат во оваа држава, вели д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант.

Попладнево беа на средба на Илинденска, но конкретно решение за зголемување на месечниот надоместок, здравствено осигурување и промена на статусот невработени, не добија. Велат дека од утрешната владина седница на која министерот за здравство ќе ги презентирал заклучоците ќе знаат што понатаму.

-Дека имаат ограничувањ аво изборниот законик што не им дозволува да има зголемување на плата, но дека тоа ќе го изнесат на седница утре и птооа ќе биде дефинитивен начинот на постапување, вели д-р Александра Георгиева, претседател на ЗЛС.

Вечер ќе разговараат со сите специјализанти и ќе знаат дали ќе продолжат со штрајкот.

А што значи да си приватен специјализант во македонскиот здравствен систем – кога немате пензиско и здравствено и тешко на овие лекари ако се раболат?

- „Си плаќаме приватно. Лично ми се случи, имав тровање и си ја платив 1000 денари инфузијата на Клиниката за инфективни болести бидејќи немаме здравствено осигурување, вели д-р Тамара Пејоска, специјализант на Клиника за пластична хирургија

-Ние од женскиот пол сме дискриминирани и немаме платено породилно отсусутво, односно, тој период ние е укинат тој месечен надоместок што го добиваме и мислам дека тоа го нема нигде, вели д-р Чешлароска.

А министерот иако на средбата во Влада кажал дека е на нивна страна, пред тоа коментираше дека штрајкот има политичка позадина.

- Сигурно ова не е генерирано од проста желба да го подобрат нивниот социјален статус, има и политичка заднина. Денеска во 14 часот имаме средба и сето ова ќе им го кажам и на нив независно од притисокот што може да го направат во јавноста. Реалноста е таа. Зошто не се задоволни кога правиме компарација со 2017 година која е драстична. Зошто баш сега се иницираат нивните барања, тоа е многу индикативно
Овие млади доктори за време на нивната специјализација велат дека дежураат по 24 часа, работат во амбуланти, аистираат на операции и за тоа се наградени со ниска плата и без ниту еден ден работен стаж.

На скопските клиники најмногу приватни специјализанти има на хирургија, гинекологија и интернистичкиот дел.