-->
-->
Приведен 29-годишен скопјанец за издржување затворска казна
-->
Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, вчера во 14:00 часот, на пат за село Орман, скопско, го лишија од слобода К.П.(29) од Скопје.
Како што информираат од МВР, по него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба од Основен суд – Скопје 1 за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од Кривичниот законик.
К.П. е предаден во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп
-
Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег