-->
-->
Приведен 42-годишен кавадарчанец за физички напад врз сопругата
-->
Четириесет и двегодишен кавадарчанец бил лишен од слобода поради физички напад врз неговата сопруга, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода П.П., затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, појаснуваат од СВР - Велес.
По документирање на настанот, како што додаваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оттаму информираат и дека синоќа во 21.50 часот во ОВР - Кавадарци, Д.Г., 66-годишен кавадарчанец, пријавил дека на булеварот „Моша Пијаде“ во градот, бил каснат од куче скитник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
