Македонија
8. March 2025 - 11:38

Приведен 56 годишен дилер во Охрид

Денеска (08.03.) во  00.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија Т.К.(56) од Охрид.

При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.