Приведен дилер на дрога, запленети кокаин и марихуана, изготвена кривична пријава
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе кривична пријава против Р.В. (50) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл. 215 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Имено вчера околу 08:00 часот на паркинг во Струмица кај Р.В. во патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени се 17 пакувања со кокаин, како и поголем износ на парични средства. Истиот ден, по добиена наредба на судија на претходна постапка при Основен суд во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија претрес во неговиот дом во с.Добрејци, при што се пронајдени 12 стебла cannabis sativa, околу 4 кг марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“, рамка со 6 куршуми калибар 9мм, се посочува во соопштението од МВР.
Р.В. е лишен од слобода и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
