Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации.
Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство, покажуваат снимките на Си-Ен-Ен Турк.
Утринава беше уапсен и неговиот портпарол Мурат Онгун, јавува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Се тврди дека е изготвен список со над 100 бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење.
Неколку метро станици во Истанбул се затворени, а одобрените одмори на полицајци се укинати.
На локалните избори на 31 март минатата година, НРП оствари значајна победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби доминантното влијание на локално ниво.
Ново на Сител
-
Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана
-
Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА
-
Погреб на загинатите во пожарот во Кочани
-
Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката
-
Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница