Приведен кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник

Приведен бил кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на еден малолетник, појаснуваат од СВР - Велес.
Д.С. бил задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, како што се истакнува, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од СВР - Велес информираат и дека вчера во 12:45 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги привеле С.Д., на возраст од 28 години од Неготино и Ј.Ф., 22-годишно лице од Кавадарци, затоа што на кавадаречки пазар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
-По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
