-->
-->
Приведен крадец осуден на 20 години казна затвор
-->
На булевар „Србија“ во Скопје денеска во 14.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР – Скопје го лишија од слобода С.Р. (34) од Кочани, со живеалиште во Виница.
Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово и од Основен суд Виница за доиздржување на шест години и девет месеци од казната.
Од МВР информираа дека лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено поправна установа за доиздржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
