Македонија
12. October 2023 - 13:22

Приведен крадец во Куманово

Во Куманово во 16:30 часот вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.И.(35) од Куманово.

Како што соопштија денеска од МВР, тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект во Куманово и одзел повеќе предмети.

Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднбесена соодветна пријава.