-->
-->
Приведен крадец во Маџари
-->

Во Скопје утрово е приведен крадец кој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор од две години.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 09:20 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во општина Гази Баба, е приведен Б. К.(44) баран со потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“.
- Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, се наведува во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
