Македонија
20. July 2023 - 11:41

Приведен крадец во Штип осуден на 12 години казна затвор

Полициски службеници од СВР Штип вчера(19.07.2023) во 23.00 часот го лишиле од слоба Л.А(26) од Штип.

Тој осуден на 12 години казна затвор за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, а бил баран по централна потерница за доиздржување на шест години од казната.

Л.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната. Инаку, при лишувањето на Л.А., полициските службеници биле спречувани од С.М.(27) од Штип. По документирање на случајот против не го ќе следува соодветен поднесок.