Приведен криминалец од Струшко баран со три потерници за издржување казна затвор
Службеници од Полициската станица – Кисела Вода денеска во 10:20 часот на улица „Христо Татарчев“ во Скопје го лишиле од слобода Т.О. (45) од струшкото село Октиси, по кого биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години.
По наредба на Основен суд Скопје 1, информираа од МВР, Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело „измама“ по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за друго кривично дело „измама“ и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „незаконито вселување“ по член 246 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш