-->
-->
Приведен криумчар на мигранти
-->
– Полицијата од Стар Дојран вчера го приведе П.К.(26) од село Јосифово за криумчарење на мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Околу 02:40 часот на магистралниот пат делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „БМВ“ излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан. Тие се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, се вели во соопштението.
Од МВР информираат дека П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид исполнет за празниците
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
