Приведен криумчар на мигранти кај наплатната станица Демир Капија
Четворица мигранти се пронајдени вчера при контрола на патничко возило кај наплатната станица Демир Капија, а возачот е приведен.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на автопатот Неготино - Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ вчера во 13.10 часот го лишиле од слобода В.Б.(38) од Шуто Оризари – Скопје.
- При контрола во возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Народна Република Кина, за кои при проверка било утврдено дека илегално влегле во државата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Ново на Сител
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
