Приведен малолетник од Чегране, дома чувал пиштол и марихуана
Седумнаесет годишник од гостиварското село Чегране е задржан во полициска станица откако во неговиот дом биле најдени оружје, муниција и марихуана.
Од СВР Тетово денеска информираа дека полициски службеници на надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчеравечер, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 17-годишен жител на гостиварското село Чегране.
- При претресот во неговата соба во куќата пронајдени се: пиштол „Зораки“ калибар 9 милиметри со 2 куршуми од истиот калибар, 1 најлонско ќесе со марихуана, дробилка со остатоци од ваква материја, безбол палка, 2 метални боксирачи, нож црна спреј и една рачно изработена цигара „џоинт“, информираат до СВР Тетово.
Пронајдените предмети се фотодокументирани и со потврда одземени за вештачење. Малолетникот, во присуство на негов роднина, е приведен во Полициската станица Гостивар и задржан за натамошна постапка.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци