Македонија
9. February 2025 - 11:48

Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во централното подрачје на главниот град привеле малолетник кај кого била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

- На 8.02.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од населба Илинден, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.