Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Е.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Како што се посочува во соопштението, пријавениот Е.Е., на работно место „помлад полицаец“ во Одделение за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, во временскиот период од месец април до јули 2026 година, додека извршувал службена должност во депо служба на „пајак“ во Јавното претпријатие „Градски Паркинг“ - Скопје и бил должен да применува полициски овластувања за издавање на записници за констатиран прекршок и прекршочни платни налози со глоби, како и да врши електронска наплата на прекршочни платни налози за сторен сообраќаен прекршок на возачи или сопственици на моторни возила кои сториле сообраќаен прекршок, во повеќе наврати вршел противправни дејствија.
Пријавениот Е.Е. преку искористување на својата службена положба и овластување, како и неизвршување на својата службена должност како полициски службеник, противправно присвоил за себе околу 12.700 денари, а исто така причинил штета на Буџетот од околу 85.500 денари.
Од страна на инспектори во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Е.Е. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Претходно, денеска ЈОРСМ соопшти дека Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор на полицаецот, поради опасност од бегство.
Ново на Сител
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
