Приведен шверцер од Скопје, пронајдени осум мигранти од Сирија
Осум мигранти од Сирија утринава биле откриени од полициски службеници во непосредна близина на наплатна станица Смоквица, за кои се претпоставува дека биле растоварени возило управувано од 40-годишен скопјанец. Возачот е приведен, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, соопштуваат од полицијата.
- Денеска, во 08.00 часот, на крстосница кај с. Богородица, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ забележано е патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, кое превезувало поголем број на патници. Возилото е сопрено на регионален пат 103, во близина на наплатна станица Смоквица, при што било констатирано дека го управувал П.Р.(40) од Скопје, а осум лица илегални мигранти од Сирија се пронајдени во непосредна близина, за кои постои основано сомневање дека се растоварени од возилото непосредно пред да биде запрено, известуваат од МВР.
Оттаму, посочуваат дека возачот е приведен и во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.
Ново на Сител
-
СДСМ: Уште едно погазено ветување - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект
-
Двајца пациенти добија бубрези од починат донор - извршена уште една трансплантација на хируршките клиники
-
Две рочишта против родителите на детето убиец од Рибникар
-
Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Марадона ќе добие споменик во центарот на Буенос Аирес
-
ОЈО Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава против директорот на АНБ
-
ЕК Извештај: Северна Македонија ја задржа својата 100-процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ
-
Тетовец ја тепал партнерката пред угостителскиот објект во кој работела