Приведен скопјанец, пренесувал мигранти од Непал

Четири лица од Непал се пронајдени во возило на скопјанец во близина на граничниот премин Ќафасан, возачот приведен за криумчарење мигранти, соопшти денеска СВР Охрид.
Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, според информацијата, синоќа во 22 часот и 50 минути, од слобода го лишиле Џ.Б.(40) од Скопје, кај место викано „Борови“ на магистралниот пат Струга-Граничен премин Ќафасан.
-Тој се сомничи дека со неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки врши криумчарење мигранти. Во близина на возилото забележани се четири женски лица кои се обиделе да избегаат, но веднаш се фатени и констатирано е дека станува збор за четири државјанки на Непал, од кои три на возраст од 22 и една на возараст од 34 години, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Мигрантите и возачот се предадени во ОВР Струга за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Кривична за претседател на ловечко друштво од Струмица, проневерил повеќе од 1 милион денари
-

Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет
-

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци
-

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт
-

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони
-

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН
-

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК
-

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег
