-->
-->
Приведен велешанец, понудил поткуп за да биде ослободен
-->
Полициски службеници во Велес денеска го привеле И.Д.(24) поради сомнение дека извршил кривично дело „давање поткуп", по член 385 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.„Димитар Влахов" во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе