-->
-->
Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
-->

На 19.01.2026 во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
